ВМРО-ДПМНЕ Струга: Нерешавањето на проблемот со депониите во струшко претставува опасност по здравјето на луѓето

Од:

Сеад Солаковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Струга одржа прес-конференција на која што кажа дека повеќе од три месеци Владата на Македонија останала нем сведок на еколошката катастрофа што се случува во Струга.

– И не само во Струга. Дивите депонии во Лабуништа, Октиси и околните населени места исто така негативно влијаат врз здравјето на луѓето. Одложување и не преземање на никаква активност за итно решавање на овие сериозни проблеми претставува исклучителна опасност за здравјето на луѓето. Овие диви депонии сигурно придонесуваат за зголемување на процентот на луѓе заболени од бело дробни заболувања и карциноми. И на, на жителите од Лабуништа, Октиси и околните населени места потребен ни е чист и здрав воздух, рече Солаковски.

Како што кажа тој, во светот владите и министерствата креираат политика и стратегии за третирање на отпадот, а оваа влада немала ни стратегија ниту капацитет да го реши овој проблем.

– Здравјето на скоро илјада жители во овој регион е доведено до прашање. Се загадуваат и подземните води и воопшто цела животна средина. Прашањето е зошто оваа влада има министерство за животна средина?, заврши Солаковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ