ВМРО-ДПМНЕ Струга: Господ да ве прочисти од злите сили кои ве опседнаа

Од:

„Пратениците од социјал демократскиот сојуз „да не си играат парламент на отворено без Деловник и закон на Собрание,така кажано на црно, проповедувајки пред граганите демагогија, лаги и измислици без трошка срам и почит дури ни кон себе си“, порача ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струга.

„Бидејки Бранко не ја удостои Струга со пратеник од редовите на СДСМ ,го пуштил Митрета од Велмеј самиот да си поставува прашања и самиот да си одговара на истите, во Струга пред триесеттина сопартијци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.

Од партијата упатија прашања до пратеникот на СДСМ.

„Првото прашање до господинот Митре, зошто СДСМ и Бранко во 2004-та година ги тепаа стружани? -За да му помогнеме на пратеникот да си ја врати меморијата ке го кажеме нашиот одговор, заради фотељата на Бранко.

Второто Прашање, зошто Бранко ги затвори сите фабрики во Струга? Стружанка, Борис Кидрич, Струшка трговија, Единство, Струшко поле и други и оставајки илјадници луге без леб?

Нашиот одговор е многу едноставен, г-дине Митре СДСМ тоа го направи заради раскрчмување на државниот имот и имотот на работниците, заради лично богатење на олигарси со префрлање на македонскиот капитал на туѓи сметки во странство.

Трето Прашање, зошто СДСМ го гласаше деталниот урбанистички план за крајбрежието на Струга,кој според локалните моќници предвидуваше срамнување и разнебитување на сите спортови кои со децениии опстојуваат на овие простори во срцето на Струга:

Нашиот одговор е ,како и секогаш само и само за лични интереси, за вработување на лица во општината блиски на советниците на СДСМ“, пишуваат од ВМРо-ДПМНЕ.

„Вие,Социјал демократите не го почитувате највисокиот законодавен дом
-не ја почитувате Владата на РМ,
-не го почитувате претседателот на РМ
-не ја почитувате химната на РМ
-не ги почитувате институциите
-не ја почитувате меѓународната заедница
-ниту Светска банка
-не го почитувате големиот христијански празник Христовото раѓање…

Па затоа ве прашуваме? КОГО ВИЕ ПОЧИТУВАТЕ? и ВО КОГО ВИЕ ВЕРУВАТЕ?

Само ве молам да не биде вашиот одговор штур и да ми кажете дека верувате единствено само и само во вашиот лидер Бранко Црвенкоски,кој ВАС и оваа Држава ја носи во пропаст.

Ние сме демохристијанска партија и ќе се молиме за вашите гревови и вашите грешки кои ги правите Господ да ве просветли и прочисти од злите сили кои ве имаат опседнато,
и почитуван пратениче верувајте во Бога и во силината на нашите христијански празници“, велат од ВМРо-ДПМНЕ од Струга.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”