ВМРО-ДПМНЕ: Стојаноски е обична марионета на Заев и Тунтев кои ќе ја уништат општина Охрид

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение реакција на прес-конференцијата на Јован Стојаноски, кандидат за градоначалник на Охрид од СДСМ.

„Јован Стојаноски преку манипулативни изјави се обидува да ги излаже граѓаните на општина Охрид. Тој нема никаква визија нити проекти како да создаде подобри можности за охриѓани.

Стојаноски единствено е познат по примање мито за полагање на испити и неговото недолично и скандалозно однесување како на факултетот така и во јавност. Така да попусти се неговите изјави за неговата наводна чесна мисија кога тој во тоа не може да ги убеди ни членовите на СДС во Охрид, а не пак останатите охриѓани.

Тие се сеќаваат дека во време на владеење на СДС, Стојаноски како продекан за финансии трошејќи пари за скапи патувања, вечери и високи бонуси за неговите колеги беше виновникот за финансискиот колапс на Факултетот за туризам и угостителство. Тие нема да дозволат истото да се случи со нивната општина.

На охриѓани им е повеќе од јасно дека Јован Стојаноски е ништо повеќе од обична марионета на Зоран Заев и Томислав Тунтев кои преку него сакаат да ја земат општината во свои раце и да ја уништат како што тоа се случуваше во времето на Александар Петрески кој остави долг од над 50 милиони евра.

Граѓаните на Охрид ја препознаа расипничката политика на Зоран Заев и СДС. На 15-ти октомври охриѓани ќе ги казнат погубните политики на СДС и ќе изберат работа, конкретни проекти и мерки кои ги нудат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?