ВМРО-ДПМНЕ: Средствата за оштетата од поплавите беше обезбедена уште пред изборите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на Драган Николиќ, државен секретар во министерството за одбрана.

„Добро е што конечно ќе бидат исплатени средствата на вработените во Министерството за одбрана за претрпените штети од поплавите минатата година.

Средствата за оштетета од поплавите беа обезбедени уште пред да се распишат изборите, но со оглед на законските прописи не можеа да бидат исплатени.

Малку е чудно што СДС наместо да се извини за доцнење со реализацијата денеска излезе да се пофали и го игнорираше фактот дека целата работа е завршена и заокружена уште пред тие да влезат во МО.

ВМРО-ДПМНЕ додека ја предводеше Владата на Република Македонија реализираше бројни проекти за подобрување на условите и стандардите на армијата, како Целосно решавање на статусот на сегашните и поранешните професионални војници, реконструкција на објекти во касарната „Илинден“, Модернизација на регионалниот центар за односи со јавноста, Надградба на зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Центар за обука на пилоти, Институт за сајбер-одбрана во духот на концептот на НАТО за паметна одбрана и многу други проекти и мерки.

Редно време е СДС да престанат да глумат опозиција и време да се фатат за работа и да започнат да ги решаваат реалните проблемите на граѓаните“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?