ВМРО-ДПМНЕ: Средбата на Црвенковски и Тачи наликува на погранична средба

Од:

За ВМРО-ДПМНЕ денешната средба на лидерите на СДСМ и ДПА Бранко Црвенковски и Мендух Тачи наликува на погранична средба и преставува продолжение на политиката на поделби заговарана од Љубчо Георгиевски, а започната со носењето на Законот за територијалната организација кога СДСМ беше на власт.

„Дали случајно или не, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи денеска имаа средба која според сите свои карактеристики наликуваше на погранична средба, на која главен договор е да нема кандидати Македонци во градовите каде ДПА има амбиција да победи. Ова е само продолжение на политиките на поделби заговарана од Љубчо Георгиевски, а започната со спроведување од страна на Бранко Црвенковски со носењето на Законот за територијалната организација на Македонија“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешните изјави по средбата Црвенковски-Тачи.

Патетичната еуфорија со која Бранко Црвенковски го воздигнува Мендух Тачи и Мендух Тачи го воздигнува Бранко Црвенковски не може да сокрие две поенти, се вели во реакцијата, а тоа е дека за овие двајца луѓе зборот ништо не вреди, односно тоа што денес го кажуваат нема да важи утре и тоа што го кажувале претходно не важи денес и се олеснува одлуката на граѓаните кој референдумски ќе кажат не за луѓето од транзицијата, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Мендух Тачи кој симболизиираат шверц на нафта, шверц на цигари, криминал, срамна приватизација, промена на името на државата, промена на знамето на државата, октоподи…

„Го прашуваме Мендух Тачи како со Бранко Црвенковски полесно ќе влеземе во НАТО и ЕУ, знаејќи дека единствен проблем за нашето интегрирање во НАТО и ЕУ е барањето на Грција за промена на името на државата“, се вели во реакцијата од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

А1он

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вчера вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор