ВМРО-ДПМНЕ: Србија гради клинички за 125 милиони евра, за ист таков Заев и Филипче сакаат да „стопат” пола милијарда евра

Од:

„Најкорумпираната влада во Европа, предводена од Зоран Заев и неговиот министер за здравство, Венко Филипче сакаат да градат клинички центар што ќе чини повеќе од половина милијарда евра.

Тоа е четири пати повисока цена од оној што во моментов се гради во Србија.

Овој што се гради во Србија и е идентичен со планот за клинички на ВМРО-ДПМНЕ и предвидува 1.000 болнички кревети, 400 болнички соби, и други неопходни работи за современ медицински центар и чини верувале или не 125 милиони евра“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е четири пати пониска цена од она што сака најкорумпираната влада во Европа, владата на Заев да го потроши за клинички.

Ова што го планираат Заев и Филипче е само пљачка на народот.

Ова што го планираат Заев и Филипче е уште еден криминал во низата на Заев и Филипче.

Тие трчајќи по провизии и заборавајќи на граѓаните и нивното здравје го оставија на страна проектот на ВМРО-ДПМНЕ за клинички, а ако продолжеа со истиот сега ќе беше готов.

Заев и Филипче не прават ништо друго освен што го ставаат на коцка здравјето, но и животот на граѓаните.

Четири години украден живот. Доста е!

ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа пљачка на народот!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ