ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски тера матни дилови во МВР, мува не го лази што за 60 дена има 50 разбојништва во Скопје

Од:

„Компанијата „Инфинити“, која директно се поврзува со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Македонија добила над 10 тендери вредни 1,5 милион евра, а најголемиот го добила токму од МВР на Оливер Спасовски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„МВР и „Инфинити“ во јануари годинава склучиле договор за набавка на компјутери во вредност од 1 милион евра. Со ова се загрозува безбедносниот сектор на Македонија, особено ако се има предвид дека компанијата е на црната листа на САД.

Очигледно Спасовски мува не го лази за диловите на МВР кои се скандалозни.

Впрочем него мува не го лази ниту за метазстазирањето на криминалот во Македонија. Само во овие 60 дена откако е реизбран за министер за внатрешни работи, освен матни зделки ништо друго не превзема. Во Скопје за овие 60 дена се случија 50 разбојништва, а низ цела македонија има 3500 кривични настани. Царува криминалот, а што друго и да се случува кога мафијата е власт во државата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела