ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски се уште се крие, да даде одговор пред јавноста, како синот на командант Баци, му избега пред нос

Од:

Спасовски го нема никаде, да одговори каде е лицето Наим Самиу од тетовско Шемшово, кој е син на познатиот командант Баци од УЧК, којшто треба да се наоѓа во притвор? Самиу од домашен притвор за две дела, со решение за затворски притвор, за трето дело, го снемува, за органите на Република Македонија и му се губи секаква трага понатаму, велат од опозициската партија.

– Дали ќе се одважат институциите, кои се надлежни, да дадат одговор, ако не сака Спасовски, кој се му помагал на Самиу, да го прелаже системот и сега да си ужива некаде, додека во исто време требаше да биде во притвор и да одговара за своите дела? Кои се врските, на неговиот татко, командант Баци, со кадрите на СДС во МВР и дали овие исти познанства, одиграле клучна улога во неговото бегство? Ова е еден од стотината скандали на Спасовски, во неговото министерување во МВР, каде нема ни обичен одговор за ситуацијата, а камо ли разрешница. Граѓаните затоа се тука да го сменат Спасовски, поради нестручност и неспособност, а после тоа доаѓа и одговорноста, која што нема да изостане – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито