ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски се обидува да го достигне Заев во лагите и манипулациите

Од:

„Оливер Спасовски се обидува да го достигне Зоран Заев во лагите и манипулациите.

Спасовски друг пат кога ќе оди меѓу граѓаните и кога ќе зборува за зачуваниот идентитет со штетниот и капитулантски договор нека им објасни зошто Зоран Заев бега од изговарање на зборовите Македонија и македонски како ѓавол од темјан. Ова е најдобриот доказ дека овој договор го распродава нашиот идентитет и не обезличува во секој аспект, име, идентитет, јазик, историја и институции.

Спасовски без контакт со реалноста се обидува да ги убеди граѓаните дека во Република Македонија тече мед и млеко. Вистината народот ја чуствува на својот грб и по својот џеб. Секој ден растат трошоците за живот, расте цената на горивата, платите и пензиите стагнираат, па дури и реално нивната вредност опаѓа. Сите тоа го гледаат освен Оливер кој се прави при очи слеп. Тоа му е извежбана способност, бидејќи цело време се прави слеп пред криминалот кој царува по улиците, за несанкционираните убиства, рекети и матни бизниси на криминалниот картел на власт.

Македонија тоне во сиромаштија и криминал, а секој револт на граѓаните, власта на СДСМ го угушува со солзавец, шок бомби, гумени куршуми и монтирани судски случаи. Ова е ненародна власт, а не правна држава и европска Македонија. Тоа им го говорат и од Европската Унија и затоа отпочнувањето на преговорите е условено од реформи и вистинка работа. Оттука таман Заев и криминалниот картел да ги сменат сите страници на историјата и личните имиња на Македонците, Македонија нема да влезе во ЕУ поради криминалот на оваа власт.

Народот ќе застане на патот на ова зло и народот ќе победи. Македонија ќе победи!“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец