ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски го крши законот, повеќе од три недели не се издаваат лични карти

Од:

„Спасовски го крши законот, повеќе од три недели не се издаваат лични карти, граѓаните во хаос. Од 5 јули до денеска не е издадена ниту една лична карта. Тоа се повеќе од три недели како управните служби на МВР не си ја извршуваат со закон регулираната должност“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Согласно законот за лични карти, МВР е должна во рок од 15 дена од приемот на барањето да ја издадат личната карта. Поради неспособноста на Спасовски голем број на наши сограѓани се оставени без документ за идентификација и им е оневозможено да ги користат своите сметки, да подигаат пензија или плата. Застој има и во правниот промет зошто голем број на граѓани не можат да склучуваат договори и да се појавуваат како договорна странка било пред државен орган или помеѓу физички и правни лица.

Голем број наши сограѓани оваа неспособност на Спасовски ги чини пари и изгубена добивка. Друг дел ги чини лоша егзистенција затоа што не можат да си го подигнат од банка единственото примање. Спасовски мора да понесе одговорност. Не може системот за издавање на лични документи да е нефункционален, а тој да нема одговорност. Одговорност веднаш. Време е за Македонија за сите луѓе!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ