ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да си поднесе оставка

Од:

„СДСМ дозволи со улиците да царуваат криминалците, лихварите и насилниците. Црнило го зафати МВР. Граѓаните не се безбедни ниту надвор, ниту во своите домови. Стотици криминалци беа пуштени од затворите и затоа сме сведоци на огромен број грабежи, убиства, вооружени пресметки, запалени автомобили.

Оливер Спасовски наместо со ред и мир се занимава со матни зделки и сомнителни тендери. Затоа криминалците чувствуваат закрила и дивеат во Македонија. Секој обичен човек во Македонија се плаши за својот живот, за животот на своите деца и своите најблиски. Чесниот граѓанин се плаши не биде застрелан како обичен минувач или ограбен на улица или дома.

Оливер Спасовски со својата неспособност и некомпетентност дозволи министерството за внатрешни работи да се претвори во институција за прогон на неистомислениците на власт, а нем сведок и заштитник на криминалот.

Уште колку убиства треба да стори егзекуторот што го ликвидираше Мартин Јанушев пред да биде затворен? Уште колку автомобили треба да изрешетаат бандитите кои среде Скопје крвнички погубија две лица, пред да бидат најдени и приведени од Оливер Спасовски?

Ова мора да престане, затоа што се работи за животите на луѓето, за безбедноста на децата, за иднината на нашата земја. ВМРО-ДПМНЕ го бара тоа што го бараат граѓаните, Оливер Спасовски да си поднесе оставка и да се тргне од министерската позиција. Секој поминат ден значи ново насилство, нов изгубен живот, поголем криминал, поголема корупција, нов грабеж, уште поголемо црнило“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски