ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да си даде оставка, тој или е неспособен да ги фати крадците на маслото од марихуана или е дел од криминалот

Од:

„Спасовски да си даде оставка, тој или е неспособен да ги фати крадците на маслото од марихуана или е дел од криминалот. 4 ден како Спасовски молчи, и ни траг ни глас од кражбата во висина од над 2 милиони евра, во масло од канабис“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Кражбата е извршена во објект во кој има десетици камери, а Спасовски уште не знае кој и каде е крадецот.

Објектот го обезбедувала приватна агенција за обезбедување со седиште во Струмица, а ниту тие не знаат кој ги заобиколил и ја ограбил фабриката.

4 дена нема реакција од МВР, период доволен за маслото од марихуана одамна да биде изнесено од државата и продадено на црн пазар во странство, а некој дебело да профитира.

Спасовски или е целосно неспособен и не знае што му се случува или е дел од криминалот. И во едниот и во другиот случај одговорот е еден. Оставка веднаш“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела