ВМРО-ДПМНЕ: Собирот на СДСМ пред Основниот суд 1 – класичен политички притисок врз судскатата власт

Од:

Собирот на СДСМ кој денеска го организираа пред Основниот суд е класичен пример за вршење политички притисок врз независната судската власт. Зоран Заев се дрзна дури и да дели насоки како судот треба да работи, се вели во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ на изјавите на Зоран Заев и Андреј Жерновски.

– Никој во Република Македонија, ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ, не смее да се меша во работите на судската власт, а уште помалку да одлучува и да дели насоки какви постапки ќе превземаат легитимните судски органи. СДСМ во многу наврати наназад покажа дека не ја почитува самостојноста на судската власт во ситуации кога некој член од највисокото раководсвто на СДСМ е обвинет за криминал, стои во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата ги повикува СДСМ и Жерновски да престанат да користат, како што стои, уцени и лаги, со цел да го заштитат Мирослав Шиповиќ, за кого надлежните институции имаат основано сомнение дека сторил криминал.

Во реакцијата се подвлекува дека се неосновани тврдењата на СДСМ и Жерновски дека Советот во Општина Центар не може да функционира.

– Според Законот, доколку Шиповиќ се повлече или поднесе оставка на негово место доаѓа следниот од листата на СДСМ. На тој начин Советот во Општина Центар ќе може пак да функционира онака како што сака Андреј Жерновски и СДСМ. Дополнително за сите одлуки кои се во интерес на граѓаните, за парно греење, за градинки, за училишта, за урбанистички планови и слично, поддршка ќе даваат и советниците од ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми