ВМРО-ДПМНЕ: Со Законот за урбанистичко планирање се прецизира носењето одлуки во Советот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во пишаната смената реакција на СДСМ за измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање истакнува дека се уредуваат недоречености и се допрецизира донесувањето на одлуките во Советот.

Во реакцијата се појаснува дека донесувањето на одлуките во Советот се прави со мнозинство од присутни советници, но притоа тој број да не биде помал од 1/3 од вкупниот број на членови на Совет.

– Да знаеја во СДСМ да го читаат Уставот и законите, ќе разбереа дека со оваа измена на законот не само што не се загрозува мнозинската волја, туку дополнително се ограничува можноста на злоупотреби при носењето на одлуките на Советот на единицата на локална самоуправа, се вели во реакцијата.

Според партијата, денешната прес конференција на СДСМ е резултат на хаосот во партијата и класичен обид за манипулација на јавноста.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела