ВМРО-ДПМНЕ: Со заканите за прекин на штрајкот и бркање на наставниците од работа го загрозуваат нивно основно право загарантирано со Устав

Од:

„Со заканите за прекин на штрајкот и бркање на наставниците од работа го загрозуваат нивно основно право загарантирано со Устав. Правото на штрајк е загарантирано со Устав, а владата се однесува спротивно на тоа, како и со се што до сега правеше“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Заканите на Тренчевска дека ќе ги брка од работа оние кои ќе штрајкуваат е газење на авторитетот и достоинството на просветните работници.

Заканите и уцените од страна на владата се фијаско кое ќе остане црна дамка за власта која ќе се памети засекогаш. Понижувањето на наставниците нема да биде заборавено.

Просветниот кадар се наоѓа во нерамноправна и лоша позиција. Потребно е прифаќање на нивните барања и овозможување достоинствени услови за работа.

Владата ги притиска наставниците и не сака да ги реализира нивните барања, за да има повеќе пари во буџетот за тендери и матни зделки.

Додека наставниците работеа за мали плати Рашковски, Зекири, Дончев, Филипче вртеа милиони на матни тендери. Токму затоа владата не сака да им ги зголеми платите на наставниците“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела