ВМРО-ДПМНЕ: Со промашените политики на СДС реалните плати во Македонија се намалија за 5% во 2022

Од:

Со промашените политики на СДС реалните плати во Македонија се намалија за 5% во 2022.

Иако народот добива навидум повеќе пари, всушност зема многу помалку. Платите и примањата не растат туку паѓаат. Куповната моќ на населението е намалена со СДС и ДУИ.

Народот се потешко преживува. Македонија има поголема инфлација од земјите во ЕУ, иако власта тврдеше дека инфлацијата е увезена, се потврди дека и за тоа лаже.

Со СДС и ДУИ на власт стана луксуз учениците да имаат книги, болните лекови, студентите нормален оброк. Шест години СДС и ДУИ, 6 години државата уназадува на секој чекор.

Со СДС и ДУИ 6 години само криминалот се развива. Со ваква криминална власт, државата не може да оди кон ЕУ, нема да мрдне ниту милиметар. Потребни се промени, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија