ВМРО-ДПМНЕ: Со правдата и вистината нема пазарење

Од:

СДСМ се плашат од правдата и од вистината, а ние им повторуваме дека со тоа нема пазарење, се истакнува во денешната писмена реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

– Граѓаните на Македонија и во Скопје пред една недела и денес во Битола, во огромен број, масовно и одлучно, покажаа дека не веруваат на деструктивци и на луѓе што работат против сопствената држава, туку веруваат и ги поддржуваат оние кои знаат да работат, да градат и да помагаат, стои во соопштението.

Граѓаните, според ВМРО-ДПМНЕ, покажаа дека монтираното сценарио на СДСМ не добива никаква поддршка и дека ќе им се врати како казна на оние кои го смислија и на оние кои го спроведуваат.

– ВМРО-ДПМНЕ денес промовираше неколку нови инвестиции, неколку нови инфраструктурни проекти и неколку нови мерки за вработување на невработените. Така и ќе продолжиме во иднина затоа што знаеме што им е потребно на граѓаните. СДСМ нека продолжат во нивниот деструктивен филм кој девет години ги држи на дното, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?