ВМРО-ДПМНЕ: Со поданичкиот однос на владата на Ковачевски кон Бугарија, намерно се уриваат интересите на Македонија

Од:

Во владата на Ковачевски, како едвај да чекаат, да се создаде ситуација и простор, за што повеќе да се избрукаат пред светската јавност и да ги доурнисаат позициите и интересите на државата велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– При посетата на Османи во Софија, додека министерот за надворешни работи на Бугарија, Милков, ја оцрнуваше Македонија и ги претстави Македонците како историски насилници, Османи само немо седеше, а со тоа и индиректно даде потврда за ставовите искажани од Милков. За да биде и штетата поголема, вчера во гостувањето на Османи на една бугарска национална телевизија, тој се понуди да ги советува Бугарите, како да се интегрирале во Македонија и да отвореле што повеќе клубови. Од друга страна пак Ковачевски да не остане покус, го одбрани бугарскиот министер Милков, дека кога ја дал изјавата не мислел така, односно лошо сме го разбрале, а целата јавност убаво ги слушна и ги разбра зборовите на министерот. Од ова може да се заклучи дека Ковачевски не го интересираат интересите на Република Македонија, туку само бизнисите и тендерите, а во последно време и притисоците и уцените, врз своите пратеници, за вештачки да ја одржува владата, спротивно на волјата на граѓаните се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање