ВМРО-ДПМНЕ со остра осуда на таканареченото „прогласување на Илирида“

Од:

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ попладнево излезе со остра осуда за „таканареченото прогласување на Илирида“. Денешниот настан го квалификува како организиран од истрошен политичар со намера за сопствена промоција на штета на меѓусебното почитување на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува така нареченото прогласување на Илирида. Овие настани, направени од одамна истрошени и маргинални политичари се груб и лош обид за сопствена промоција на штета на меѓусебното почитување и разбирање помеѓу граѓаните“, се вели во соопштението.

Во реакцијата која уследи после острата реакција од СДСМ, владејачката партија порачува дека суверенитетот на државата не може да биде играчка за едикојси и порача дека потегот мора да биде осуден од сите субјекти.

„ВМРО-ДПМНЕ упатува јасна порака дека суверенитетот на државата не е работа со која може да си подигрува кој сака и кога сака. Вакви лица покажуваат незрелост и неодговорност во однесувањето. Овие обиди за сопствена промоција на поединци, преку нарушување на меѓусебната доверба, мора да бидат осудени од страна на сите субјекти. ВМРО-ДПМНЕ апелира до политичките партии да не се злоупотребуваат овие настани за дневна политика и меѓусебна пресметка“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски