ВМРО-ДПМНЕ: Со народот ќе ја победиме мафијата на власта и ќе дојде правдата во Македонија

Од:

„Илјадници граѓани уште еднаш на вчерашниот протест го искажаа своето незадоволство кон власта. Луѓето кои вчера присуствуваа на протестот се жртва на власта, односно се предмет на мобинг во јавната администрација, во јавните претпријатија во локалната администрација“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски до власта достави четири барања.

„Прво барање е мафијашката власт да си го исполни ветувањето и да дадат можност опозицијата да предложи независен и непристрасен јавен обвинител кој ќе го исече од корен криминалот почнувајќи од првото дело па се до завршувајќи го последното. Без разлика на политичката припадност.

Второ барање под итно да се спречи реваншизмот, да престане реваншизмот притисоците и политичките етикетирања во администрацијата, војската, министерството за внатрешни работи.

„На сите врз кои им е нанесена неправда, без оглед на припадноста и политичката ориентација ВМРО-ДПМНЕ им нуди бесплатна правна помош. Обратете се до нас и тим на адвокати и правници ќе ви помогнат. ВМРО-ДПМНЕ им нуди бесплатна правна помош. Сите оние кои што се чувствуваат обесправено и под притисок се на власта, цел се на реваншизам од власта, ВМРО-ДПМНЕ им стои на располагање за бесплатна правна помош. Обратете се до нас, до нашиот тим на адвокати и правници, но и оние кои што решија да волонтираат токму за вас, да ви помогнат за да и ставиме крај на мафијата и ова безкурполозно однесување на мафијата“, истакна Мицкоски вчера на протестот.

Трето барање е државава во моментов е без Комисија за заштита од дискриминација. Најитно да се формира таа комисија и да се донесе Законот за заштита од дискриминација. Мора оние кои се подложни на уцени, закани да бидат заштитени!

Четврто барање е сите предмети кои се познати во јавноста каде е почувствувано неправда, притисок, уцена и реваншизам, каде правдата не е заштитена, сите предмети за криминал за кои власта сега молчи ќе бидат отворени и предмет на ревизија, а подеднакво ќе биде предмет на анализа и зошто не се постапувало, а требало да се постапува“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не може да има владеење на правото ако не се открие кој и зошто ги полнеше кутиите на референдумот, па имавме избирачки места со излезеност поголема од 99%. Не може да има владеење на правото, ако не се открие кој ги слушаше обвинителите и судиите. Сетете се само некако како јавноста да подзаборави на ова слушање на обвинителите и судиите кои што се обелодени на крајот од 2018 година“, рече вчера Мицкоски.

Мицкоски вчера посочи дека не може да има владеење на правото, ако не се откријат имињата на сите оние кои што се инволвирани во „Рекет 1“, „Рекет 2“ од прв до последен да одговараат за тоа што сториле.

Народот ќе ја победи мафијата и ќе дојде правдата во нашата држава, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”