ВМРО-ДПМНЕ: Со молчењето за скандалите и криминалите на Артан Груби за да останат подолго на власт, СДС се негови соучесници

Од:

СДС знаеше и го одобруваше секое криминално дејание на Артан Груби. СДС, покрај ДУИ, го створиле Груби која како никој до сега направи штета на државата, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Криминалите и скандалите на Груби на груби се многубројни, почнувајќи од криминалот во Лотарија каде што со другар му Прпарим украле неколку милиони евра, преку дуќанот на улица Македонија кој го купи по багателна цена, до тендерите од неколку стотици илјади евра доделени на фирмата на неговиот брат од министерството кое тој го водел.

И ова се само неколку од скандалите и криминалите во кои Груби е главен лик и за кои е информирана и македонската јавност.

Ако јавноста, новинарите, медиумите и ВМРО-ДПМНЕ како тогашна опозиција знаеше за криминалот на Артан Груби, несомнено за тоа знаеле од тогашната владејачка партија СДС која беше во владина коалиција со ДУИ.

Дека СДС знаеле и му дозволиле на Груби да кради колку сака, на сите ни е јасно, а причините за тоа се неколку. Прво затоа што најверојатно и тие краделе и биле соучесници во криминалот на Груби, но и поради желбата што подолго да останат на власт. Плашејќи се дека ако збор кажат против Груби ќе им се расипе криминалната коалиција.

И самото молчење и непреземање никакви мерки за Груби да биде процесуиран од органите на правда, се смета за соучество. Така да, СДС освен што се креатори на Артан Груби, тие се и негови соучесници.

За ова молчење, одобрување и соучество во криминалот на Груби, СДС им должи извинување на македонските граѓани. Затоа што, за својата комоција подолго да останата во удобните владини фотелји, не смееја збор да изустат за скандалите, криминалот и арогантното однесување на Артан Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“