ВМРО-ДПМНЕ со јасна порака: Семејството е најважна клетка во општеството

Од:

Во организација на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска во спортско рекреативниот центар во општина Сарај се одржа настан на тема „Посветени на семејството, посветени на иднината“.

– Денешниов заеднички пикник не само што ќе ги разбуди спомените, но и ќе испише нови. Со денешното дружење ќе испратиме силна порака, а тоа е дека заедништвото, дружењето, блискоста и негувањето на традицијата се важни, а традицијата создадена во некој изминат период треба да се негува. Демохристијанската идеологија е токму онаа идеологија која што најдобро го опишува македонскиот човек, рече Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев во обраќањето пред присутните во Сарај.

Негувањето на семејството и семјните вредности, додаде, се приоритети на секое општество.

– Одредувањето на приоритетите во животот и местото кое ќе му го дадеме на нашето семејство ќе имаат огромно влијание на животот на нашите деца, рече Димитриев.
Пратеникот Влатко Ѓорчев истакна дека овој хепенинг е едно потсетување дека треба и мора да останеме приврзани на семејните вредности.

– Од сите улоги кои ги имаме во животот, од сите приоритети најважен е еден – семејството и децата. Тоа е една трајна вредност карактеристична за нашава земја и нашиот народ, рече тој.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски ги повика сите граѓани да ги негуваат вредностите на семејството и да си посветуваат повеќе време едни на други.

-Семејството е основната и најважната клетка на функционирањето на едно општество. Имаме многу програми кои потикнуваат многудетно семејство. Што повеќе да се дружиме и секој слободен миг да му го посветуваме на семејството, рече Трајановски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ