ВМРО-ДПМНЕ: Со измените на законот за државна администрација се отвора вратата за партиски вработувања

Од:

„Со измените на законот за државна администрација се отвора вратата за партиски вработувања и бркања од работа на вработените кои не се политички подобни.

Ова не е реформа, туку политизација на целокупната администрација по која многумина политички неподобни ќе останат без работа.

Постојниот закон за државна администрација беше донесен во целосна согласност со европското законодавство и беше највисоко оценет од експертската јавност.

Новите измени кои ги предлага владата се во насока на рушење на постојните стандарди и воведување на полесни механизми за бркање од работа. Вработените ќе бидат незаштитени, со што се нарушуваат основните работнички права.

Вчудоневидувачки е тврдењето на владата дека полагањето на психолошки тест преставува отежнувачки фактор за вработување, напротив тој ја има спротивната улога.

Наместо напредна администрација компетитивна со европската, владата планира укинување на потребата за приложување меѓународни сертификати за познавање на еден од трите странски јазици. Токму овој критериум им дава предност на компетитивните и спремни кадри да аплицираат на работните места.

Постоењето на меѓународни сертификати издадени од релевантни и меѓународни признати установи владата планира да ги замени со обичен тест кој ќе го спроведува владина институција што преставува механизам за манипулација и субјективност при изборот единствено на партиски подобните кадри.

Можноста која се предлага за унапредување по неколку скалила одеднаш преставува деградирање на целокупниот систем и можност партиските кадри на СДС без потребното искуство да бидат унапредени.

Најскандалозното е што со новите измени се предвидува и механизам за директно бркање од работа нa вработени службеници кои се со долгогодишни решенија за работа. Имено со новите измени предвидуваат дека со две негативни оценки добиени од претпоставениот, за кого е сигурно дека се партиски кадри на СДС, службеникот да може добие отказ без било каков приговор.

Со овие измени се укинува системот граден според придонеси и компетенции, и се воведува систем на грабеж со кој се означува целосно партизирање на администрацијата. Се врши целосна ерозија на систем граден со години“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет