ВМРО ДПМНЕ со ист став како Кацарска, бараат да се именуваат нови уставни судии

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение реагираат на денешната прес конференција на претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска.

„Како резултат на апелот на претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, сaкаме да истакнаме дека сме на исти став и дека како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш после новогодишните празници бараме да се закаже седница на Комисијата за избори и именувања и да одбереме нови уставни судии.

Исто така, сакаме да и порачаме на Кацарска, апелот за избор на нови судии да го адресира до оние кои неа ја избраа за уставен судија, бидејќи во моментот, претседавач на комисијата е координаторот на СДСМ во Собранието на Република Македонија и доколку и СДСМ сакаат да избереме уставни судии, седница на комисијата можат да закажат уште на 3 јануари 2022 година.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на оваа комисиска расправа, како и на пленарната седница.

Воедно сме благодарни на Кацарска што го афирмира нашиот став, дека изборот на Уставни судии, како и многу други избрани и именувани лица и институции, чекаат поради неажурноста на СДСМ“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела