ВМРО-ДПМНЕ: Со екстерното тестирање ќе се стави крај на необјективното оценување

Од:

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека барањето на Либералната партија да се укине екстерното оценување во училиштата е само придобивање на дневно-политички поени.

– Несериозно е политичари и политички партии, кои со ништо досега немаат придонесено за подобрување на квалитетот на македонското образование, сакајќи да се наметнат на јавноста, да ги критикуваат реформите кои влијаат на подобрување на обазованието. Неаргументираната критика на оваа реформа зборува само дека не им е ни најмалку важен квалитетот на образовниот процес, туку само придобивање на дневно политички поени на сметка на учениците и наставниот кадар, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека екстерното тестирање е проект којшто долго време се најавувал и подготвувал со сите релевантни субјекти и експерти и се подготвувал во согласност со европските стандарди.

– Со екстерното тестирање кое годинава ќе се спроведе во сите училишта од 27.05 до 10.06 ќе се стави крај на необјективното оценување на дел од наставниците. Од друга страна ќе се намали притисокот и уцените врз просветните работници од некои родители кои бараат повисоки оценки за нивните деца. Наставниците кои биле реални при оценувањето на своите ученици ќе бидат наградени, додека тие кај кои ќе има најголеми отстапки во оценката која ја ставиле во дневникот од онаа која учениците ќе ја добијат на тестот, ќе одат на советување. Доколку и натаму продолжат со необјективно оценување, ќе бидат казнети. Учениците нема да бидат дополнително оптоварени со екстерното тестирање, затоа што на тестот само ќе го потврдат знаењето кое го стекнале во текот на учебната година, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина