ВМРО-ДПМНЕ: Со два софтверски проекти ќе ја намалиме корупцијата во урбанизмот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со два софтверски проекти, е-урбанизам и бим софтвер ќе се бори против корупцијата во урбанизмот. Првиот, е-урбанизам или е-простор значи намалување на постапките и времето што се чека од надлежни институции за одговор. Сега за еден проект потребно е мислење од институции како МЕПСО, ЕВН, комунални претпријатија, министерства други институции како Завод за културно и историско наследство. Планот на ВМРО-ДПМНЕ е ова да се дигитализира или лицето кое го подготвува урбанистичкиот план информациите наместо со трчање по институции да ги добие со софтверска алатка. Со ова ќе се намали влијанието на човечкиот фактор, а ќе се забрза самиот процес за добивање информации и документи. Тоа ќе води до транспарентен процес и процес без корупција, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Вториот, бим софтвер или бим алатка, би ја користеле проектантите и институциите кои во процес на вадење на градежна дозвола ќе можат да го вметнат самиот проект, а алатката да ми даде одговор на тоа дали проектот одговара урбанистичките основи. И со ова идејата е да се забрза процесот на давање на градежна дозвола. Или вака ќе се зголеми транспарентноста и ќе се намали корупцијата.

Овие алатки ќе водат до поголема транспарентност, побрз процес на издавање на документи и што е најважно со ова ќе се сузбива корупцијата во општеството која е еден од најголемите проблеми на граѓаните. Овие алатки се и начин да се врати изгубената доверба во институциите во овој период на владеење на СДС и ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ работи отчетно и чесно и сака да ја врати довербата на граѓаните кон институциите – се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер