ВМРО-ДПМНЕ со автобуси ќе носи демонстранти во Скопје-притисок за Владимир Талески

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со пораки до членството од сите градови во државава со инструкции по смс пораки утре да тргнат изутрина за Скопје. Според информации од А1он целта е да се изврши притисок во одбрана на градоначалникот на Битола, Владимир Талески на кого му е одреден домашен притвор по барање на СЈО.

-Одложете ги вашите задолженија од понеделник за вторник бидејќи утре во 8 часот треба да бидете пред штабот да се оди за Скопје. Очекувам потврда за присуство, пишува во дел од пораките кои се испраќаат во текот на целиот ден.

Членови на ВМРО-ДПМНЕ за А1он велат дека не знаат зошто се доаѓа, но најверојатно дека ќе се протестира за битолскиот градоначалник пред СЈО на пладне, но слушнале дека ќе се протестира и пред Апелациониот суд , кој утре на пладне одлучува зза мерката домашен притвор за битолскиот градоначалник.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?