ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?

Од:

Кога СДС зборува за недостаток на социјален дијалог треба да се наврати на 2024 година. СДС и ДУИ во 2024 година предложија пакет законски измени со кои суштински ќе се менуваше методологијата за пресметка на платите. Со тие измени се предвидуваше минималната плата да се изземе од формулата за пресметка на платите на административните службеници иако таа беше дел од колективниот договор потпишан меѓу ССМ и тогашната влада, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа ќе значеше дека идните покачувања на минималната плата нема автоматски да влијаат врз останатите плати во јавниот сектор. На тој начин ќе се прекинеше линеарниот раст и ќе се ослабеше заштитниот механизам за работниците. Друг факт е дека финалната верзија на измените не беше објавена на ЕНЕР, а синдикатите информираа дека со предлог-законот се запознале преку веб-страницата на Собранието. Немаше суштинска јавна расправа, ниту вистински дијалог во рамки на Економско-социјалниот совет. Во тој момент реагираше тогашното раководство на ССМ. ВМРО-ДПМНЕ како тогашна опозиција поднесе бројни амандмани со цел да се спречи донесувањето на ваквото решение.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе повеќе од 40 амандмани, меѓу кои и клучниот предлог минималната плата да остане составен дел од формулата за пресметка. Со тоа се обезбеди и понатаму платите да растат линеарно со растот на минималната плата. Токму затоа денес, кога расте минималната плата, растат и другите плати. Зошто се премолчуваат случувањата од 2024 година? Зошто Трендафилов не го кажува тоа? Зошто не се говори дека со заедничка акција беше зачуван принципот минималната плата да остане основа за пресметка? ВМРО ДПМНЕ тогаш не дозволи, со скратена постапка и европско знаменце, да се донесе решение што ќе беше на штета на работниците.

ВМРО ДПМНЕ е на страната на работниците. Токму затоа за 10% се зголемија платите на полициските службеници, социјалните работници добија 20% повисоки плати, додека преку посебни колективни договори, вработените во Генералниот секретаријат и СОЗР добија 30% зголемување. Околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите и обвинителствата се опфатени со историски договор кој гарантира системско покачување на платите за 40% до 2028 година. Работниците заслужуваат сигурност а не дневнополитички конструкции од страна на СДС“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?