ВМРО-ДПМНЕ: Снемува вакцини, а најавените од Филипче и Заев никако да стигнат

Од:

„Снемува вакцини, а најавените од Филипче и Заев никако да стигнат. Се трошат и последните донирани вакцини, кои ги доби нашата држава, а со тоа се заканува опасност процесот на вакцинација да запре.

Заев и Филипче најавуваа милионски количини на вакцино, а до сега стигнаа само 3000, се друго е донација“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата на Венко Филипче.

„Што планира Филипче и како ќе се спроведува вакцинацијата. Државата не може да биде зависна само од донации.

Неспособноста да се набават вакцини е причина и за големиот број на заразени и умрени.

Имаме над 1700 починати од јануари до сега и тие сите пдат на совеста на Заев и Филипче кои не набавија вакцини.

Полицискиот час е исто така резултат на неспособноста да се набават вакцини. Македонија страда заради неспособноста на Заев и Филипче“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му