ВМРО-ДПМНЕ: Сменети се успешни директори, бидејќи СДСМ процениле дека биле под контрола на Груевски

Од:

Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која кажа дека СДСМ започнале со спроведување на брутална партизација на државата.

– Она што Зоран Заев претходно го најавуваше, сега се спроведува: бркање од работа на политичките неистомисленици и вработување на војници партиски послушници без оглед на нивната стручност.

 Зоран Заев најави дека ќе владее со бркања од работа на луѓето кои тој ги смета за неподобни и со вработување на партиски послушници од чистачка до министер, рече Арсовски.

Тој додаде дека пратеници на СДСМ јавно говореле дека членската книшка во Македонија ќе стане втора лична карта без која граѓаните немало да може да се вработат во јавниот сектор, ниту пак да се надеваат на некоја редовна услуга која им следува во Устав и закон.

– 1.500 луѓе беа сменети од надзорните и управните одбори во еден ден со што се парализираа бројни јавни претпријатија и институции. На Заев и СДС не им е важно воопшто што поради ова во моментов Фондот за здравство не може да носи одлуки за лекување на нивните осигуреници во странство. Нив не им е важно што поради нивната агенда за приватизирање на државата животот на граѓаните се доведува во опасност, рече Арсовски.

Според него, сменети биле успешни директори кои воделе наградувани институции, само затоа што Заев и СДСМ донеле проценка дека директорите биле под контрола на Никола Груевски.

– Ваквиот политички прогон врз неистомислениците со фашизоидна реторика се врши се со цел СДС да ја претвори партијата во држава, а државата во партија.

 Тоа ќе го платат македонските граѓани со повеќе од 100 милиони денари годишно кои СДС ги испланира во новиот буџет за привремени партиски вработувања на војници и послушници, рече Арсовски.

Како што кажа тој, СДСМ за сметка на тоа во државната администрација ги вработиле сите оние кои одбработувале за нив.

– Граѓаните се во неизвесност за својата иднината и за иднината на државата, гледајќи ги ваквите недемократски и срамни потези на владата на Заев и СДС. За само месец и пол, СДС започна да воспоставува режим во Македонија. Но, отпорот од народот ќе го почувствува многу брзо, заврши Арсовски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?