А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со палењето на автомобилите во Штип е показател на криминализираноста која СДСМ ја донесе во општеството

by А1он24/10/2019 - 16:50174
Share0

Случајот со палењето на автомобилите во Штип е показател на криминализираноста која СДСМ ја донесе во општеството, исто како во мрачните
денови на транзицијата. Денес на улиците владеат криминалците, а полицијата е нем посматрач на нивните активности поради близината на подземјето со власта, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Ова е класичен пример за падот на СДСМ и очајот во кој тоне власта. СДСМ со целиот апарат кој што го има под себе, полицијата, обвинителството, разузнавачките служби и дузина државни институции, крајно е срамно да се обидува да го впери прстот во ВМРО-ДПМНЕ за овој чин.

Ваквите обиди на СДСМ се класична клевета и лажна вест за да ја покријат целата своја неспособност.

Ако сака СДСМ да изигрува истражен орган во државата, тогаш виновниците за овој криминален чин треба да ги бара во врската на штипските социјалдемократи со криминалците од овој крај. Информациите кои кружат во јавноста во Штип говорат дека таму постои сериозна спрега во кои се вмешани високи партиски функционери и сериозни криминални групи, кои можеби не можеле да се спогодат во одредени бизнис релации.

Следете a1on на Youtube YouTube

Соработката на СДСМ со криминалци не е непозната. Постојат многу фотографии на осомничени дилери со дрога со партиски функционери, но и насилници, убијци, па се до јавната поддршка на Боки 13. Со тоа само се потврдува тезата дека СДСМ шурува со подземјето. Кога – тогаш фактурата од соработката со криминалците стигнува за наплата.

Повикуваме полицијата под раководство на Оливер Спасовски да се одважи и да го расветли случајот за палењето на автомобилите во Штип, но и за причинско последичните врски кои најверојатно стојат зад овој чин.“, се наведува во реакцијата на партијата.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео