ВМРО-ДПМНЕ: Скопје и државата неколку недели по ред тонат во загаден воздух

Од:

„СДСМ ја завива државата во црно. Скопје и државата неколку недели по ред тонат во загаден воздух. Нивото на канцерогени ПМ10 честички и во овој период од годината неколкукратно го надминуваат дозволеното ниво, а Зоран Заев и Петре Шилегов немаат преземено ниту една мерка за намалување на истото.

Болниците во државата се преполни со пациенти кои се жалат на срцеви и белодробни проблеми како последица на загадувањето, особено хронично болните и постарите, но ефектите од загадувањето се одразуваат и врз децата.

Информациите кои доаѓаат од светски реномирани институции треба да бидат последен аларм на власта, која потроши 2 години без да реализира ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот. Зоран Заев и Петре Шилегов ветуваа итно справување со загаденоста, сега кога се на власт не само што не го решија проблемот како што ветуваа, туку и не преземаат било што да ги намалат последиците од загадувањето.

Наместо реални решенија Петре Шилегов организира стенд ап настапи како да е комедијант, а не татко на градот, а министерот за животна средина, Садула Дураку, безобразно и дрско вели дека власта не се занимава со граѓаните.

Зоран Заев од митинзи урлаше ајро ајро, а сега го нема да каже што тој како премиер и црната власт на СДСМ имаат преземено за намалување на загадувањето.

Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира. Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски