ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е МАНУ да нема никакви информации што содржи договорот со Бугарија

Од:

„Министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија, го усогласиле договорот за добрососедство, кој ќе се потпише за три недели, а граѓаните се уште не знаат што прифатил Заев.

Заев ветуваше експертски дебати и јавни расправи за секое прашање, за сега да гледаме дека нема ни Д од дебати, водејќи процеси од исклучителна важност за државата со нула транспарентност кон граѓаните.

Скандалозно е МАНУ како највисока стручна и научна институција во државата да нема никакви информации што содржи договорот со Бугарија, кој Заев го преговараше во Софија. Неприфатливо е МАНУ да молчи во однос на нетранспарентноста на Владата.

Претседателот на МАНУ, Таки Фити, иако се сретна со Заев не побарал од него увид во договорот кој е од особено значење за државата.

Директорот на бугарскиот национален историски музеј Божидар Димитров, рече дека МАНУ не смее да има став по однос на две точки од договорот, затоа што знаат дека Заев ќе ги избрка од работа.

Таки Фити треба да го надмине стравот од Заев и да покаже минимум кредибилитет, бидејќи ја води институцијата со најголем научен потенцијал во Македонија.

Додека Заев ја држи македонската граѓанска и научна јавност во мрак не кажувајќи што договорил во Бугарија, одбивајќи да ги информира и пратениците во Собранието за содржината на договорот, бугарската влада уште на 5 јули договорот го доставила во тамошното Собрание, со цел пратениците да можат да дадат оценка по однос на истиот.

Нетранспаретноста на Заев во целиот процес на преговори и неговото молчење во однос на навредите кон Македонија упатени од страна на Божидар Димитров, директор на Бугарскиот Национален Историски Институт, дека исполнувањето на договорот ќе значи крај за македонизмот и дека македонскиот азик е бугарски дијалект отвора сомнеж дека Заев ги распродава македонските национални и државни интереси.

ВМРО ДПМНЕ се залагало и ќе се залага за добрососедски односи кои ќе се темелат на взаемно признавање и почитување“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицевски ги повика турските партии да бидат дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ

Тошковски и Николоски му се заблагодарија на Мицкоски за предлозите да бидат министри

A1on

Најавени министрите од новата влада: Муцунски во МНР, Ристовски за спорт, Тошковски во МВР, Николовски за транспорт

A1on

Љутков: Очекувам гласање за новата влада во Собранието околу 20 или 22 јуни

A1on

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе ги соопшти имињата на новите министри и заменици

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ станува изолирана партија, огромно двотретинско мнозинство во собранието поддржа системски закон