ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозна е најавата да се прекине градењето на клиничкиот центар

Од:

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ денеска даде изјава за медиумите на која што кажа дека е скандалозна само по себе е најавата на Таравари да се прекине еден капитален проект во здравството како што е градењето на клинички центар, за кој веќе е подготвен проект, обезбедени се средсва од Европската централна Банка и за кој се е подготвено само да се почне да се гради. Според неа, оваа негова намера ќе направи штета на здравствениот систем.

– Министерот Таравари има одговорност и пред граѓаните и пред пациентите да даде одговори. Недозволиво и неодговорно е да оспорува еден готов проект кој чини 70 милиони евра, за да најави нов проект кој ќе чини повеќе од 450 милиони евра и за чија реализација ќе треба да се чека најмалку десет години. Таравари ќе биде одговорен за тоа што најмалку десет години нема да има подобри услови за лекување на пациентите и десет години медицинскиот кадар ќе работи во полоши услови, рече Андоновска.

Таа кажа дека Таравари мора да каже кој ќе му бидат аргументите пред Европската централна банка дека проектот кој го подготвувале, одобриле и ќе го финансираат не е според неговиот архитектонски стандард.

– Таравари и неговиот наредбодател Заев мора да му кажат на народот дека ако го стопираат постоечкиот проект кој чини 70 милиони евра и почнат проект од 450 милиони евра, ќе треба да се задолжат со нови 380 милиони евра, односно да плати 6 и пол пати повеќе, за ефект кој се постигнува во многу пократок рок, изјави Андоновска.

Според неа, чесно е Таравари да им ги каже овие работи на граѓаните, на пациентите и на медицинскиот кадар.

– Затоа Таравари наместо да опструира треба да засука ракави и да почне да работи, а не да глуми експерт од архитектурата. Потребите на граѓаните се на прво место. Стопирањето на проекти, деструкцијата и инаетењето нема да донесе добро никому, заврши Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски