ВМРО-ДПМНЕ: Скандалите на Заев и неговата криминална банда се откриени

Од:

„Владата на СДС за само четири месеци, со криминал, корупција и непотизам успеа да донесе помрачување во Македонија.

Веднаш по доаѓање на СДС на власт, се што видоа граѓаните е само криминални скандали, коруптивно владеење и непотизам.

Почнувајќи од лидерoт на СДС, аболицираниот Зоран Заев, веднаш ја злоупотреби власта за лично и семејно богатење. Неговиот братучед, Трајче Заев си купи гигант фирма со површина од 7.000 метри квадратни за само 20.000 евра. Сите знаат дека со тие пари едвај може да се купи една гарсониера со површина од 20 метри квадратни.

По пример на лидерот Заев, постапи неговиот Генерален секретар Драги Рашковски. Своите блиски роднини веднаш ги постави на високи функции по институциите а себеси си се назначи како член на одбор во Телеком со што секој месец довива хонорар од 500 евра.

Криминалот и непотизмот продолжи и кај вицепремиерот Кочо Анѓушев. Тој за краток период го прекрши Изборниот законик со што изврши пренамена на земјоделско во градежно земјиште, само за да фирмите на Анѓушев можат непречено и побрзо да ја изградат хидроелекраната „Тополка“. Криминалите продолжија во фирмата во сопственост на вицепремиерот Анѓушев која доби тендер за набавка, односно увоз на електрична енергија во вредност од 2,6 милиони евра. Но поради притисокот од јавноста и очигледниот криминал тендерот беше поништен од страна на ЕЛЕМ.

Скандалите на Заев и неговата криминална банда се откриени. Граѓаните видоа дека државата крахира, а тие се ставени во втор план и затоа за 3 дена, со пенкало во рака ќе го тргнат помрачувањето кое го донесе СДС и Заев. Граѓаните ќе бидат тие што ќе ја пуштат светлината на Новата Ера во Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања