ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги трошеше парите на граѓаните, а работеше за Заев

Од:

„СЈО 4 години испумпа 12 милиони евра пари на граѓаните кои се потрошија за плати и хонорари за обвинителите рекетари и нивните роднини вработени како административен персонал.

СЈО ги трошеше парите на граѓаните, а работеше за Зоран Заев. Заев најавуваше хајка, а СЈО веднаш отпочнуваше монтирана истрага.

На обвинителите на СЈО им беа овозможени сите услови и комоција за работа, истите злоупотребија се и беа маша за рекетирање“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во медиумите излегоа информации дека Катица Јанева 4 години земала месечна плата од бруто 120 илјади денари, а по основ на бонуси земала 250 илјади денари или вкупно 330 илјади денари месечно од буџетот биле одвојувани за Катица Јанева која на крајот заврши во затвор поради рекетирањето.

Според информации кои беа објавени во јавноста јавен обвинител во СЈО земал плата 120.000 денари бруто, односно 80.000 денари нето плус додаток од 160.000 денари секој месец.

Во медиумите видовме и прочитавме како во СЈО се вработувало непотистички и се вработувале партиски кадри на СДСМ. СЈО било претворено во институција за згрижување на роднини и партиски лица.

По примерот на обвинителите во СЈО биле и службениците, кои земале плата повеќе од просечен јавен обвинител во ОЈО.

Многу дадени пари од граѓаните, а ефект никаков. СЈО беше само маша во рацете на Зоран Заев за спроведување на хајки и криминал. Одговорност за целото незаконско работење ќе има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски