ВМРО-ДПМНЕ: Ситуацијата излегува од контрола, СДСМ да ја прифати подадената рака

Од:

„Бројот на заболени и починати рапидно расне, а танчерите Заев, Филипче и Спасовски не можат да го менаџираат и организираат системот кој се потешко одговара на потребите на граѓаните.

Македонија е пред финансиски колапс, а Заев и Спасовски наместо да ги наградат медицинските лица кои херојски се борат и покрај неопременоста, одлучуваат да си ги наградат послушниците кои помагаа, беа сведоци и премолчуваа за рекет системот на СЈО водено од Катица Јанева.

Ситуацијата во Република Македонија излегува од контрола. СДСМ треба да ја прифати подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена поднесе уредба со законска сила со која ќе се овозможи компаниите да добијат помош од државата во висина од 50 проценти на бруто трошоците за плата по вработен, односно најмногу до 27 илјади по вработен или последно исплатената просечна нето месечна плата за декември месец 2019-та година. Оваа помош не да важи само за месеците април и мај и да биде исплатена во месеците мај и јуни, туку да важи за месеците март, април и мај.

Но уредбата од страна на Оливер Спасовски и Владата не беше ставена на дневен ред за разгледување.

ВМРО-ДПМНЕ бара под итно предложените мерки Владата да ги реализира за доброто на граѓаните и на Република Македонија.

Првата мерка е средствата кои што работодавачите за вработените ги уплаќаат во вториот задолжителен пензиски фонд, започнувајќи од први април да ги уплаќаат во првиот задолжителен државен пензиски фонд. На тој начин да обезбедат сигурна и надежна исплата на пензиите и да обезбедат ликвидноста на првиот задолжителен државен пензиски фонд. Потоа во некои подобри времиња истите тие средства да ги вратат во вториот задолжителен приватен пензиски фонд, се разбира зголемени со стапката на принос која што е еднаква на каматата на загубените парични средства.

Втората мерка е многу значајна реформа, благајничките записи кои што се стерилизирани во Народната банка, да бидат пренесени и државата да ги запише во хартии во вредност или државни записи. На тој начин ќе се овозможи директна инјекција од максимум 25 милијарди денари за македонското стопанство.

Трета мерка е интензивирање на капиталните инвестиции. Робусно реализирање на капиталните инвестиции, масовно реализирање на капиталните инвестиции.

Четврта мерка е да се отвори дискусија и дебата со претходните заемодаватели и комерцијални банки кои што веќе имаат некаков аранжман со нашата држава и министерството за финансии, да направат репрограма наместо тоа што треба оваа година да го вратиме, да го вратиме следната година или годината потоа.

Нашите граѓани мора да се чувствуваат сигурни и да знаат дека државата има капацитети да се справи со оваа состојба“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски