ВМРО-ДПМНЕ: Сите ќе одговараат бидејќи народот бара правда

Од:

„Народот му застана на пат на криминалецот Заев. Народот не прифаќа ниту Тиранска Платформа, ниту Тиранска Влада. Народот не дозволува да биде измамен и криминалци да му ја раскрчмуваат државата.

Затоа криминалецот Заев и злосторничкото здружение од врхушката на СДС се во паника. Не можат да ги испорачаат ветувањата со кои се уценети. Знаат дека ќе мора кривично да одговараат и да одлежат подолги затворски казни.

Криминалецот Заев знае дека залудни му се стотиците милиони евра што ги краде и врти низ своите фирми. Шекеринска знае дека залудни и се и јахтите и криминалните кирии што си ги плаќа сама на себе. Шилегов сфаќа дека залудно самиот себе си плаќа консултантски услуги и си ги рента просториите на сопствената фирма.

Сите ќе одговараат бидејќи народот бара правда и нема намера да се согласи со продажбата на највисоките државни и национални интереси.

СДС изгуби на изборите и покрај тоа што криминалецот Заев со срамни ветувања доби поддршка од Сорос и нарко-мафијашките структури од подземјето. Народот победи и не се согласува со постизборна измама, криминалци да ја изиграат неговата волја“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела