ВМРО-ДПМНЕ: Сите балкански земји вкупно имаа 45 заболени, а Македонија имаше 89!

Од:

„Хрватска, Бугарија, Грција, Албанија, Словенија, БиХ, Србија и Црна Гора заедно имаат двојно помалку заразени со корона вирусот од Македонија.

Ова е капитулација на системот и негрижа за животот и здравјето на сопствените граѓани.

Новата нормалност на Зоран Заев и СДСМ се 89 заразени и 7 починати лица во последното деноноќие. Тој биланс од црниот понеделник е резултат на неспособноста на власта на Заев и политичкиот диктат што го прави на здравствените власти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Македонија има вкупно 2315 заразени и со тоа сме на врвот по заразени во регионот на милион жители. Во Македонија има 140 починати и сме убедлив црн рекордер во целиот регион по жртви од корона вирусот на еден милион жители.

И покрај ваквите бројки Заев и СДСМ наместо да размислуваат за здравјето и животите на граѓаните, тие тераат кампања и зборуваат за датуми на избори.

Јасна е причината сакаат избори со премала излезност за нивниот пораз да не биде толку убедлив. Во Услови кога половина СДСМ и Влада се во самоизолација, тие ја убедуваат јавноста во нивните партиски флаери дека ја победиле корона епидемијата. Тоа покажува колку се тотално одлепени од реалноста. Ним здравјето и животите на граѓаните не им се приоритет, приоритет им е како да ја спасат политичката кариера на Зоран Заев.

СДСМ со своето неодговорно однесување, водење на кампањи, делење манипулативни флаери и пакети со поткуп на граѓани нема да се спасат од пораз, но ризикуваат да ја прошират епидемијата и да заразат други граѓани. СДСМ почнува да станува нов , најопасен кластер од корона вирусот.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Ние бараме Македонија прво да ги насочи сите свои капацитети во справување со епидемијата, а потоа да следат избори на кои Заев и неговата власт ќе бидат казнети од народот. Трите години власт на СДСМ и Заев донесоа хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија и тоа народот ќе знае да го казни соодветно“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му