ВМРО-ДПМНЕ: Сите активности во Собранието се во консултација со граѓаните

Од:

Собранието фунционираше со целиот свој уставен капацитет и без присуството на СДСМ, а ќе продолжи да функционира со истиот капацитет и сега кога СДСМ одлучи да се врати, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Лидија Димова.

– Единствена разлика е што сега, барем се надеваме, дека пратениците од СДСМ ќе почнат да си ги заработуваат своите плати. Во минатите 15 месеци донесени се голем број законските решенија кои беа во директен интерес на граѓаните и на многу засегнати групи, стои во соопштението.

Сите досегашни активности, како што се наведува, беа правени во дослух со потребите и барањата на граѓаните, кои беа консултирани директно на терен или преку организирање јавни расправи. – Додека Димова и нејзините колеги од СДСМ не работеа, во тој период пратениците од ВМРО-ДПМНЕ остварија над 20.000 директни лични средби со граѓаните, се посочува во соопштението.

Во Собранието беа организирани и десетина јавни расправи. Само минатата недела се организираше јавна расправа во која учество зедоа над 40 невладини организации и граѓански здруженија.

– За Лидија Димова очигледно невладини организации се само оние десетина соросови инсталации кои земаат милиони евра годишно да водат партиска агенда на СДСМ. Впрочем и самата Димова беше дел од овие инсталации и земаше дебели хонорари, за потоа преку ноќ да се регрутира во партиските органи на СДСМ, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела