ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска-Давкова води пред Пендаровски со над 130.000 гласови

Од:

Над 44,48% отсто од гласовите во обработени 2117 гласачки места се за кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ. Во гласови разликата помеѓу нив двајца е 246.977 гласови наспроти 115.722 гласови.

Следен, со нешто над 20 отсто е актуелниот претседател и кандидат од СДСМ за втор мандат, Стево Пендаровски, а трет со 10 отсто е кандидатот од ДУИ, Бујар Османи.

Арбен Таравари од коалицијата Вреди добил околу 7 проценти од гласовите, додека пак Максим Димитриевски од ЗНАМ во обработените гласачки места има 8 отсто. Следна е Билјана Ванковска со над 4 отсто, неважечки ливчиња има над 2,5 отсто, додека пак кандидатот од ГРОМ, Стевчо Јакимовски на овие избирачки места има еден отсто.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот

Седница на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

Сиљановска-Давкова: Билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример, членките на ЕУ треба да ја превенираат

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни

А1он

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон

Катерина Ѓуровски

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ

А1он