Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на проектот.

-Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици. Според неа, со сè помалобројна и послаба епистемиолошки заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области. Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и поради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа, се наведува во соопштението на Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, укажа Сиљановска-Давкова, продуцираат некритична и послушна „интелигенција”.

-Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средното образование, со преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера. На крајот претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ

А1он

Сиљановска-Давкова: Мирот и демократијата се темел на силна Европа и силно НАТО

Горан Наумовски

Проф. Наде Проева, посхумно одликувана со Орден „8 Септември“

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева

Сиљановска-Давкова: Преку статусот и работата на Врховниот суд се цени состојбата во целокупното судство

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на фестивалот „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност

А1он