ВМРО-ДПМНЕ: Сидрото на Заев ја закотви македонската економија убедливо на европското дно

Од:

СДСМ и Зоран Заев ја уништија македонската економија и ги осиромашија граѓаните. Работата на владата за изминатите две години ја бележи неспособност, криминал и корупција. Додека цела Европа бележи економски раст, сидрото на Зоран Заев ја закотви македонската економија убедливо на европското дно. За овие две години со СДСМ, Македонија има раст од мизерни 2,05% кои се многу далеку од 5 или 7% кои Заев ги ветуваше, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Со секојдневните задолжувања на СДСМ долгот на државата е зголемен за нови над половина милијарда евра. Како резултат на задолжувањата, јавниот долг веќе изнесува повеќе од 5 милијарди евра и за прв пат ја надмина психолошката граница од над 50% од БДП.

За две години СДСМ потроши повеќе од 9 милијарди евра буџет, а граѓаните не видоа никаков бенефит. Две години со ред државата ги има највисоките буџети во историјата, а ништо не е подобрено, напротив се е влошено и никој не знае каде завршуваат парите на граѓаните.

Никаде ги нема новите болници, училишта и студентски, а ги нема ни толку најавуваните 600 километри нови нов автопат и 550 километри магистрални и регионални патишта. За неработата на власта во инфраструктурата говори и фактот што автопатот Штип – Миладиновци кој ВМРО-ДПМНЕ го остави во завршна фаза, СДСМ не се способни повеќе од две години да го пуштат во употреба.

Неспособната власт на СДСМ има најниска реализација на капитални инвестиции во историјата на државата. За првите 4 месеци во 2019 тие изнесуваат 9,83% што е полошо од минатата година која беше најлошата година по реализација на капитални инвестиции.

Потврда за неработатата и неспособноста на СДСМ дадоа и германските инвеститори во Македонија кои работата на власта во полето на економијата ја оценија со нула. Како последица на лошите политики висината на странските инвестиции во првиот квартал годинава е за десет пати помала од првиот квартал од минатата година.

Во овие две години сведоци сме на падови на сите економски полиња, а единствено што расте со се криминалот, корупцијата и бизнисите на функционерите од власта.

СДСМ покажа дека не знае да обезбеди економски раст и да го подобри животот на граѓаните на Република Македонија. Со СДСМ државата не може да има напредок, токму затоа неопходно е СДСМ веднаш да си замине за Македонија и граѓаните да одат напред.“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ