ВМРО-ДПМНЕ: Што се случи со Коки, Кики, Фрики, Шеки и останатите членови на рекетарската банда?

Од:

„Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев. Цела македонска јавност знае дека главата на октоподот е единствениот аболициран премиер во Европа. Русковска и Јовевски и натаму се ставаат во заштита на криминалот, во заштита на Зоран Заев кој е на чело на операцијата за рекетирање на политичари, бизнисмени, македонски граѓани.

Сите слушнаа како Боки 13, го споменува името на Зоран Заев во една од аудио снимките на „Ла Верита“ и како тоа тој нема да прави проблеми за рекетот. Сите слушнаа како Боки 13 откако рекетира, заминува на средба со Заев. Сите освен Русковска и Јовевски кои на прес конференција лажеа и тврдеа дека нема вмешано политичари во аферата „Рекет“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Што се случи со Коки, Кики, Фрики, Шеки и останатите членови на рекетарската банда, што се случи со градоначалниците на СДСМ кој потпишуваа меморандуми за соработка со невладината организација на чие чело беше Боки 13, а за која сега постои основано сомневање дека служела за перење пари.

Дали „истрагата“ на Русковска не се проширува бидејќи и самата знае дека доколку истата ги зафати пипците на октоподот, ќе се стигне до главата? Зошто Русковска упорно го штити и амнестира Зоран Заев?

Правда во Македонија одамна нема, правната држава ја укина човекот кој никогаш не се соочи со правдата, човекот кој три пати е амнестиран за тежок криминал, Зоран Заев.

Но вистината секогаш излегува на виделина, Зоран Заев е спремен да ги предаде своите најблиски соработници за да купи уште малку време, за да краде и рекетира. деновите во премиерската фотелја му се избројани. Граѓаните ќе ја казнат оваа криминална рекетарска банда на чело со Зоран Заев, а тогаш ќе одговара за сите злодела и криминали, а ќе одговараат и оние кои се ставија во заштита на криминалот, наместо да го гонат истиот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО