ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов за една година ги зголеми цените на паркингот за 100%

Од:

„Шилегов за една година ги зголеми цените на паркингот за 100%. Паркингот на Водно е зголемен за 100%, од 100 денари за 1 час паркинг во 2019 година од 2020 година се плаќа 200 денари“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„За 100% се зголемени и цените на месечните карти за паркирање од 1.000 денари во 2019 година, на 2.000 денари. Шилегов брутално ги ограбува скопјани.

Поскап паркинг плаќаат сите жители на Скопје насекаде. Имено цената за час паркирање во „Зона А“ од 2019 е зголемена од 45 на 50 денари во 2020 година. Паркирањето во „Зона Б“ е зголемено од 35 денари на 40 денари, додека во „Зона Ц и Д“ е зголемена цената од 25 денари на 30 денари.

И додека скопјани плаќаат Шилегов и градоначалниците од СДСМ парите ги трошат на тендери.

Време е СДСМ и нивните градоначалници да си заминат. Време е за Македонија за сите луѓе!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик