ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов во сабота ангажирал институции да му креираат измени на фактичка состојба на документи

Од:

„Шилегов уште повеќе се заплетка во аферата со дивоградбата на семејната зграда. Во паника од излегувањето на скандалот на 04.09, внимавајте во сабота, му била впишано право на сопственост на земјиштето, основен предуслов за било какви градежни активност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Била ангажирана цела една институција и вработени во сабота да му го забошотуваат скандалот. Но дали само катастар или и други институции се ангажирани, дали бил вршен безочен фалсификат на документи во сабота или ноќе за да се покрие дивоградбата на Шилегов?

Ете затоа Шилегов со денови молчеше, бидејќи му требало време за да се фабрикуваат документи. Да беше Македонија правна држава ко што не е, да беше ослободено судство кое што не е уште од пред некој ден ќе имаше инспектори на терен, веќе следниот ден ќе имаше решение за уривање на дивоградба, а во исто време некој ќе му подготвуваше кривична пријава за нелегално градење и евентуална злоупотреба на службена должност. Замислете каква е одговорноста за тој кој наместо да го штити градот Скопје од урбаната мафија, самиот е урбана мафија и прешол од другата страна на законот. Граѓаните видоа дека додека Шилегов се богател, граѓаните осиромашувале.

Но Шилегов и треба да биде загрижен оти доаѓа друго време во кое ќе има одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ