ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не негира дека се согласува со ставовите на Мирко Попов дека скопјани се сељаци и со погрдните зборови за Албанците

Од:

„Шилегов не негира дека се согласува со ставовите на Мирко Попов дека скопјани се сељаци и со погрдните зборови за Албанците. Напишаната реакција на СДСМ кажува дека Шилегов не му пречат ставовите на Мирко Попов искажани на митинг на СДСМ, а по тоа заклучуваме и дека се согласува со сите ставови на Мирко Попов кој смета дека Скопје е дијагноза, скопјани се сељаци, албаниците ги нарекува со погрдно име и дека сите цркви треба да се запалат“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Градска организација на СДСМ.

„Петре Шилегов е градоначалник кој се согласува дека: Скопје увек биле и само ќе бидат ОНИЕ 30,50,100,1000 можда 2000 кои имаат креативност и сила да пркосат на …. Останатите 700.000? Они не се и никад не биле Скопје. Ние сме Скопје. Они не се важат. Тука има и многу пострашни зборови јас нема да ги прочитам оставам вие да процените.

Петре Шилегов е градоначалник кој се согласува дека: Твојата неписменост е историска, суштинска и предавничка. Ко би ми бил/а сеа на дофат би те заклал ко зајак. Полош си од… и ова нема да го прочитам.

Овде ме поканија, седеле и размислувале кого да викнат, им требало хард кор скопјанец и некој рекол Мирко Попов. Јас сум дефинитивно хард кор скопјанец пошто за мене Скопје е… дијагноза.

Шилегов всушност го финансира Мирко Попов, неговата ПМГ рекордингс од јануари 2018 година до октомври 2021 година имаат добиени тендери во вкупна вредност од 56.280 евра. Или, од МКЦ 34.154 евра, од Универзална сала 13.822 евра и од Град Скопје 8.300 евра. Најверојатно, ова е мерит системот по кој СДСМ одлучува кој е хард кор скопјанец и кој ќе биде говорник на митингот на Шилегов.

Драги скопјани, со сигурност ќе знаете да го цените ова на претстојните избори на 31 октомври“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Градска организација на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му