ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо метропола од Скопје прави главна депонија, 200 илјади тони отпад од Струга се потенцијална еколошка катастрофа

Од:

„На Скопје му претстои еколошка катастрофа, а Градоначалникот Шилегов ја замајува јавноста со периферни теми.

Јавното Претпријатие Дрисла договори, а Градот Скопје воден од Шилегов молчи за пренесување на Струшката депонија во Скопје. 200 илјади тони отпад во распаѓање ќе биде пренесуван низ Скопските улици и општини со цел да се транспортира во општината Студеничани каде се наоѓа скопската депонија Дрисла. 200 илјади тони отпад се еколошка потенцијална бомба и извор на заразни болести за граѓаите.

Шилегов наместо метропола од Скопје прави главна депонија во државата. Струшката депонија под претпоставка да е стара десетина години значи дека се работи за околу 200 илјади тони отпад. Дополнително во Дрисла се слеваат 150 илјади тони отпад годишно од подрачјето на Скопје и 35 илјади тони отпад од Тетово. Ова е премногу за градот Скопје, под закана се сите општини под градот Скопје.

Петре Шилегов без заобиколување треба да понесе одговорност и да реагира пред да биде предоцна и пред да се случи еколошка катастрофа.

Треба да одговори на прашањата: дали е спремен да превземе одговорност доколу се случи да има појава на заразни болести, чиви бизнис и политички интереси седат зад ваквата операција, дали се работи за политички пазар меѓу коалционите партнери на власт, што е со средствата со кој владата се фалеше дека ќе ја решава струшката депонија, дали бизнисот е повреден од човечкото здравје, и дали вака Шилегов ќе се бори за почист воздух за скопјани?

Според акцискиот план за управување со отпад треба да се направат депонии во секој од осумте плански региони, а не цела Македонија отпадот да го носи во Дрисла“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен