ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ги намали субвенциите за велосипеди

Од:

„СДСМ и Петре Шилегов 5 месеци не направија ништо за граѓаните на Скопје. Власта нема идеи и не знае да работи. По 5 месеци неработа на Шилегов му текна да ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ и да ги претставува како свои.

Шилегов оваа година ги намали субвенциите за велосипедите и од минатогодишните 4.000 денари за велосипед, оваа година предвиде 3.000 денари за велосипед.

Граѓаните не се со кратко паметење и знаат кој што направил.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го поддржаа овој проект затоа што се работи за проект кој е од интерес на граѓаните. Истиот е дел од проектот Скопје велоград кој го реализираше минатиот градоначалник Трајановски, со кој беа направени две велосипедски патеки, едната од Гази Баба до Сити мол, другата од Аеродром до Ѓорче Петров, како и ролерско велосипедска патека од двете страни на кејот на реката Вардар.

Граѓаните видоа дека 5 месеци откако Шилегов го управува градот Скопје, нема нови проекти и инвестиции. Власта невешто ги копира и проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа власт не работи. Оваа власт е пример за неработа“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?