ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е во тесна трка со Заев кој повеќе лаже

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост.

„Петре Шилегов е во тесна трка со неговиот партиски шеф Зоран Заев по тоа кој повеќе лаже.

Времето ќе покаже дека освен тоа што ја лаже јавноста и го копира во начинот на работа по принципот „евро ваму евро таму” и прашање на време е кога во јавноста ќе излезе снимка слична на онаа на неговиот партиски шеф, снимена во некоја канцеларија каде главна тема ќе биде барањето на мито.

Петре Шилегов досега нема отпочнато ниту еден капитален проект.

Неговото управување на градот се состои во евтин популизам, подгревање на надежи, и очекувања кои никогаш нема да се исполнат.

Петре Шилегов се фали со набавка на нови автобуси, а не може да ги одржи ниту оние нови над 300 кои ги наследи од претходната власт.

Ветува нови автобуси, а со новиот ребаланс на буџет стапката за набавка изнесува нула денари.

Вистинското прашање на кое што треба да се одговори е дали набавката преставува вовед во нова матна бизнис зделка, ако се знае дека веќе градот има вклучено меморандуми со две фирми, и дали ова значи дека однапред се знае и добитникот на евентуалниот тендер милионски доколку истиот се случи?“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски